Милан се пласира во финалето на Купот откако во полуфиналето убедливо го победи градскиот ривал Интер со 3:0.
Херој за „росонерите“ беше Лука Јовиќ, кој постигна два гола. Консеисао почна да му дава доверба на Србинот и тој возврати со одлични партии.
Кон крајот на првиот дел Јовиќ погоди по асистенција на Хименес, а на почетокот на вториот дел добро се снајде после еден корнер.
Конечните 3:0 беа дело на Рејндерс на самиот крај од мечот.
Leave a Reply