Барса спреми нов договор за Флик

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ќе го продолжи договорот со клубот за уште една сезона, до летото 2027 година, објави „Марка“.

Двете страни веќе се договориле за продолжување на соработката по преговорите кои се одвивале во изминативе неколку дена.

Се очекува новиот договор официјално да стапи на сила по завршувањето на сезоната. Двете страни се согласиле дека моментално целиот фокус треба да биде насочен кон преостанатите клучни натпревари во тековната сезона.

Каталонците се лидери на табелата во Ла Лига, се пласираа во финалето на Кралскиот куп каде ќе се соочат со Реал Мадрид кон крајот на оваа недела, а во Лигата на шампионите ги очекуваат полуфиналните дуели со Интер.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *