Реал Мадрид ја доби престижната награда „Лауреус“ за тим на годината (Фото)

Реал Мадрид ја доби престижната награда „Лауреус“ за најдобар тим во светот за 2024 година, потврдувајќи го својот статус како една од најуспешните спортски екипи на планетата.

Во оваа силна конкуренција, „кралскиот клуб“ беше избран пред други импресивни тимови, како женскиот состав на Барселона, кошаркарите на Бостон Селтикс, Формула 1 тимот на Мекларен, машката фудбалска репрезентација на Шпанија и кошаркарската репрезентација на САД.

Ова признание доаѓа како резултат на извонредната сезона која тимот на Карло Анчелоти ја имаше во 2024 година. Реал Мадрид успеа да ги освои дури пет значајни трофеи: Лигата на шампионите, шпанската Ла Лига, Суперкупот на Шпанија, Суперкупот на Европа.

Фото: Real Madrid/FB


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *