Распродадени билетите за дербито меѓу Пелистер и Вардар

Македонското ракометно класико меѓу Пелистер и Вардар, во рамките на петтото коло од плејофот во Суперлигата, ќе се одигра в четврток, на 24 април, со почеток во 18:30 часот.

Битолскиот клуб веќе потврди дека сите билети за дербито се распродадени, што само ја потврдува големата возбуда и интересот што владее за оваа средба.

Салонот „Боро Чурлевски“ ќе биде исполнет до последното место, а се очекува атмосфера за паметење – типично за натпреварите меѓу двата најголеми ривали во македонскиот ракомет.

Пелистер моментално се наоѓа на врвот на табелата со 11 освоени бодови, веднаш зад него е Вардар со 10, додека третопласираниот Алкалоид има 6 поени.

Фото: РК Пелистер


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *