Иднината на Андре Онана во Манчестер Јунајтед е под сериозен знак прашалник. Камерунскиот голман пристигна од Интер во 2023 година, но не ја оправда довербата.
Тој прави серија грешки веќе втора сезона и на „Олд Трафорд“ се размислува дали да се разделат со него.
Рубен Аморим може да има желба да го смени голманот летово, но не е јасно дали ќе има таа можност, бидејќи клубот ќе треба да се засили во други области каде што проблемите се посериозни.
Самиот Онана пак не сака да си замине и ќе се бори до крај за да остане на Олд Трафорд
Leave a Reply