Самуеле Ричи, италијанскиот репрезентативец и ѕвезда на Торино, се чини дека ќе биде првото летно засилување на Милан, тоа го објави „Газета дело Спорт“.
На 23-годишна возраст, Ричи се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А. Ова привлече внимание кај голем број европски клубови.
Веќе го доби питетот „новиот Пирло“, а неодамна потпиша нов договор со Торино, но на лето сигурно ќе прави трансфер.
Милан е во напредни преговори со неговиот агент и Ричи веќе им кажал ДА на „росонерите“, а трансферот треба да изнесува 35 милиони евра.
Leave a Reply