Серџо Консеисао е далеку од посакуваните резултати со Милан, па шансата за трофеј ја гледа токму во Купот, а Португалецот за лошите резултати ги обвини медиумите.
Медиумите најавија дека Консеисао ќе го напушти кормилото на Милан на крајот на сезоната, а тој смета дека токму тоа е причина за проблемите во клубот.
„Откако пристигнав и го освоив Суперкупот, секој ден се зборува за тренери кои доаѓаат во Милано. Тоа е добро за мене, во фудбалот сум 40 години, но играчите ги читаат вестите и затоа нема стабилност. Мора да работиме денес за да бидеме подобри утре. Не ми е лесно, бидејќи нема многу почит. Сега, морам да го подготвам тимот за следниот натпревар против Интер и да го освојам тој трофеј“, изјави Консеисао.
Leave a Reply