Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа од 4-1 ја прекина позитивната низа на Њукасл. Натпреварот се одигра на „Вила Парк“, каде што домашните уште од самиот почеток покажаа дека се решени да дојдат до трите бода.
Воткинс уште во првиот напад го отвори резултатот и донесе водство за Астон Вила. Сепак, гостите од Њукасл успеаја брзо да се вратат во игра, откако Шар погоди во 18. минута за израмнување. До крајот на првото полувреме двете екипи имаа шанси, но резултатот остана 1-1.
Во второто полувреме, тимот од Бирмингем целосно доминираше. Прво Матсен ја врати предноста на Вила, а потоа Онана зголеми на 3-1 со прецизен удар од далечина. Крајниот резултат го постави Бурн, кој несреќно ја смести топката во сопствената мрежа.
Со оваа победа, Астон Вила ги освои трите бода и направи значаен чекор во трката за пласман во Лигата на шампиони, каде конкуренцијата е жестока. На табелата, Њукасл моментално е трет со 59 бодови, но зад нив следуваат Манчестер Сити (58), Нотингем и Астон Вила (57), Челси (54) и Бормут (49).
Фото: Aston Villa/FB
Leave a Reply