По неочекуваната елиминација од Арсенал во Лигата на шампионите, шпанските медиуми интензивно пишуваат за можна „чистка“ во редовите на Реал Мадрид.
Според информациите од Мадрид, Перез е подготвен да преземе радикални чекори уште следната недела, со цел целосно да го редефинира тимот и да го врати на победничките патеки.
Се очекува тренерот Карло Анчелоти да го напушти кормилото на тимот, а како најсериозен кандидат за негов наследник се споменува Чаби Алонсо – актуелниот стратег на Баер Леверкузен, кој зад себе има фантастична сезона. Во јавноста се појавија и шпекулации околу можноста Јирген Клоп, кој наскоро се разделува со Ливерпул, да ја преземе клупата на „Лос Бланкос“.
Покрај промените на клупата, најавени се и значајни резови во играчкиот кадар. Според извори блиски до клубот, Лука Модриќ нема да добие продолжување на договорот и ќе се раздели со Реал по долгогодишната успешна ера. Исто сценарио се очекува и за Лукас Васкез, кој исто така е на излезна врата.
Фото: Real Madrid/FB
Leave a Reply