Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс продолжува да ја воодушевува европската кошаркарска јавност со своите блескави настапи.
Во клучниот натпревар од плеј-ин фазата на Евролигата, тој беше лидерот на тимот на Париз, кој како гостин славеше над фаворизираниот Реал Мадрид и избори место во плејофот.
„Ова е навистина неверојатно достигнување за нас како тим. Цела сезона напорно работевме, поминавме низ тежок плеј-ин, но успеавме да стигнеме до целта. Верувавме дека можеме да го победиме Реал Мадрид – и тоа го сторивме. Сега, нема граници – само небото е нашата граница“ изјави Шортс.
Шортс натпреварот го заврши со 23 поени, девет асистенции и два скока, уште еднаш потврдувајќи ја својата класа и значење за тимот во својата прва сезона во најелитното европско натпреварување.
Фото: Принтскрин
Leave a Reply