Вечерва во Скопје од 20:00 часот ќе се игра натпреварот помеѓу Вардар и Црвена Звезда за кој имаше голем интерес од јавноста и се очекува на трибините на Арената да има над 20.000 навивачи.
Натпреварот ќе може да го проследат и оние кои нема да бидат во можност да присуствуваат на стадионот во Скопје бидејќи ќе се пренесуваа на МТВ и „Арена Премиум 3“ каналот.
Ќе потсетиме, натпреварот има хуманитарен карактер и сите собрани средства ќе се донираат на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.
Билетите се продаваат по цена од 100 и 200 денари.
Фото: ФК Вардар
Leave a Reply