Астон Вила и Борусија Дортмунд славеа во реваншите од четвртфиналето во Лигата на шампионите, но ПСЖ и Барселона изборија пласман во полуфиналето.
Гостите поведоа со 0-2 преку Хакими и Мендеш, но Тилеманс намали до полувремето.
Во вториот дел Вила возврати преку Мекгин и Конса за целосен пресврт, но немаа сили за уште еден гол кој ќе донесеше продолженија.
Донарума беше херој за ПСЖ бидејќи одбрани три чисти шанси и го однесе тимот во полуфинале.
Борусија Дортмунд славеше со 3-1 над Барселона, но тоа не беше доволно да ја анулира убедливата предност од 4-0 на Каталонците од првиот дуел.
Leave a Reply