Мбапе доби минимална суспензија, ќе игра против Барса

Килијан Мбапе ќе биде на располагање за дербито против Барселона, откако е суспендиран само за еден натпревар поради директниот црвен картон што го доби на мечот против Алавес.

Се очекуваше дека казната може да биде построга – до три натпревари, што ќе значеше и пропуштање на „Ел Класико“, но дисциплинската комисија сепак се реши за поблага мерка.

Дисциплинската комисја при шпанската Фудбалска Федерација реши да го поштеди Мбапе и да му додели минимална казна, што во случајот е само еден натпревар суспензија.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *