Жозе Мурињо кој е на клупата на турскиот гигант Фенербахче неочекувано се појави на листата кандидати за нов тренер на Реал Мадрид.
Според шпанскиот медиум, претседателот на „кралскиот клуб“ веќе стапил во контакт со Португалецот, кој и понатаму важи за еден од милениците на навивачите на Реал.
Специјалниот веќе еднаш го водеше клубот во периодот од 2010 до 2013 година, а сега повторно се споменува како можен наследник на Карло Анчелоти летово.
Сепак, тој не е прв избор за клупата на Реал. Клубот најпрво ќе се обиде да го ангажира Чаби Алонсо, а Мурињо ќе стане опција само доколку трансферот на Алонсо од Баер Леверкузен пропадне. Алонсо има договор со германскиот клуб до летото 2026 година.
Leave a Reply