Легендата на Реал Мадрид и Хрватска, Лука Модриќ стана дел од сопственичката структура на Свонси.
Во моментов, Свонси се наоѓа на 12. место во Чемпионшип без реални шанси за учество во плејофот за промоција, но и без ризик од испаѓање. Последен пат „лебедите“ играа во Премиер лигата во сезоната 2017/18, кога испаднаа по седум последовни сезони во елитата.
Од друга страна, бизнис инвестицијата на Модриќ воопшто не значи дека тој ќе се повлече од фудбалот уште сега.
„Свонси со задоволство може да му каже добредојде на Лука Модриќ во нашата сопственичка група. Познат како еден од најдобрите играчи во својата генерација, лидерството на Лука, знаењето и пасијата за фудбалот ќе бидат клучни за развојот на клубот“, пишува во дел од соопштението на Свонси.
Целта на искусниот Хрват е да го продолжи договорот со Реал Мадрид, кој истекува летово.
Leave a Reply