Нова радост за Јагелонија: Чурлинов со гол го реши дербито во Варшава (Видео)

Јагиелонија продолжува со силно темпо во трката за шампионската титула во полската Прва лига, а најновата победа на гостински терен против Легија Варшава дополнително ги зацврсти нивните амбиции.

Клучен играч во триумфот беше македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, кој блесна во дербито со еден од најзначајните голови во сезоната.

Во 76. минута од натпреварот, по една мешаница во шеснаесетникот на домаќините, Чурлинов беше највнимателен и најреактивен – ја дочека одбиената топка и ја испрати зад грбот на голманот на Легија, носејќи ѝ ги трите бода на својата екипа.

Фото: Jagiellonia Białystok/FB


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *