Мбапе доби црвен картон по дивјачки старт (Видео)

Фудбалската ѕвезда Килијан Мбапе неочекувано го заврши натпреварот против Алавес порано од предвиденото, откако главниот судија му покажа директен црвен картон по само 38 минути игра.

Инцидентот се случи по еден агресивен старт на Мбапе врз противничкиот играч, за кој првично доби жолт картон.

Сепак, по дополнително разгледување на ситуацијата преку ВАР-технологијата, судијата ја промени одлуката и му додели црвен картон, што значеше крај на настапот за францускиот напаѓач.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *