Камавинга го израдува Реал Мадрид, Мбапе доби црвен картон (Видео)

Реал Мадрид дојде до нови три бода во шпанското првенство, совладувајќи ја екипата на Осасуна на нејзин терен со минимални 1-0 – резултат кој за првпат сезонава се појавува во корист на „кралевите“ во рамки на Ла Лига.

Младиот француски репрезентативец Едуардо Камавинга успеа да ја затресе мрежата на домаќините и да му донесе предност на Реал, која се покажа како доволна за конечна победа.

Натпреварот беше одбележан и со тензии – само четири минути по водечкиот гол, Реал остана со играч помалку откако Килијан Мбапе доби директен црвен картон поради остар старт, што дополнително ја искомплицираше ситуацијата за гостите.

Фото: Real Madrid/FB


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *