Девојките заслужуваат поддршка: Македонија денес игра за Мундијал!

Македонската женска ракометна репрезентација денеска против Полска во Битола ќе се обиде да го надополни поразот од четири гола разлика во првиот натпревар (22-18).

Во Полска избраничките на Кристијан Грчевски имаа негатива и од десет голови, но со фантастичен финиш успеаа да обезбедат пристојна негатива и сега се надеваат на изненадување на свој терен.

Последен пат Македонија на Светско првенство играше во 2007 година во Франција и ако се избориме за настап тоа ќе биде прв за една наша женска ракометна репрезентација по 18 години. Мундијалот ќе се одржи оваа година во Холандија и Германија.

Натпреварот се игра со почеток од 19:00 часот и се очекува ракометарките да имаат и голема поддршка од трибините бидејќи од Ракометната федерација на Македонија информираа дека 80% од салата до чера била распродадена.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *