Милан со убедливи 4-0 славеше на гостувањето кај Удинезе, црна точка на мечот беше повредата на голманот Мајк Мењан.
„Росонерите“ ја оправдаа улогата на фаворити и го решија натпреварот уште во првото полувреме. Леао и Павловиќ погодија во финишот на првиот дел за водство од 2:0.
Во 74. минута по една соло акција Тео Ернандез зголеми на 3-0, а конечниот резултат го постави Рејндерс.
Црна точка беше повредата на голманот Мењан кој после еден судир беше изнесен на носила.
Фото: АЦ Милан
Leave a Reply