Интересот е огромен: Вардар објави важни информации за натпреварот со Црвена Звезда

by

in

Хуманитарниот натпревар во корист на настраданите од трагедијата во Кочани, помеѓу ФК Вардар од Скопје и Црвена Ѕвезда од Белград, предизвикува огромен интерес.

На 9 дена до натпреварот продадени се повеќе од 15.000 билети.

Заради тоа управата замолува посетителите да влезат на стадионот најмалку половина час порано, односно околу 19.30 часот. Со цел да се избегнат гужвите при влегувањето.

Фан зоната на гостинскиот клуб ќе биде лоциарана кај фонтаната во Градскиот парк. Ги замолуваме гостинските навивачи да купуваат влезници за Источната трибина.

Билетите се стриктно нумерирани и броени, така да нема да има никакво неовластено и прекумерно влегување на натепреварот.

Возила без VIP и V-VIP акредитации нема да можат да велгуваат и да се паркираат околу стадионот, односно нема да можат да се движат во правец на стадионот подалеку од Министерството за земјоделство.

Влезот за хендикепирани лица кои се движат со помош на инвалидски колички ќе биде од сервисниот влез на југо-исток, а ќе можат да бидат придружувани од едно лице. За тие лица да можат да добијат билет/дозвола за влез, предходно треба да се пријавата на