Македонија со триумф против Јужна Африка го почна БЏК-купот

by

in

Македонските тенисерки на одличен начин ги отворија натпреварите од Втората евро-африканска зона на Били Џин Кинг (БЏК) купот, кој се одржува во Ларнака, Кипар. Со вкупен резултат од 2-1, тие ја совладаа репрезентацијата на Јужна Африка, благодарение на убедливите победи во сингл мечевите.

Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска беа сигурни на теренот и им препуштија само по три гема на своите противнички. Стоилковска ја отвори средбата против Дона Ле Ру и славеше со убедливи 2-0 во сетови (6-3, 6-0) за само 40 минути игра. По неа, Ѓорческа го потврди водството со уште една доминантна победа над Мари Луи Ван Зил, исто така со 2-0 (6-2, 6-1).

Во мечот во двојки, селекторот Димитар Лабудовиќ одлучи да им даде шанса на Јана Божиновска и Ана Митевска, кои се соочија со двојката Ле Ру – Ван Зил. И покрај добриот почеток, македонската двојка не успеа да се избори за победа, а Јужноафриканките славеа со 2-0 (6-2, 6-0).

Фото: МТФТ


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *