Претставници на засега неименуван клуб од Катар, неодамна допатувале во Мадрид за преговори со Лука Модриќ, пренесува „Марка“.
Со оглед на тоа шо наскоро ќе наполни 40 години, јасно е дека се ближи крајот на кариерата, но Модриќ сакаше да ја заврши кариерата и идната сезона како член на мадридскиот гигант.
Сепак, изгледа дека плановите на претседателот Флорентино Перез се поинакви. Досега нема најава за продолжување на неговиот договор, кој истекува на крајот од оваа сезона.
Поради тоа можно е Модриќ да заврши во некој клуб на Блискиот Исток од каде има богати понуди.
Leave a Reply