Струга во натпревар со пет гола славеше над Пелистер

by

in

Фудбалерите на Струга на свој терен денеска беа подобри од Пелистер со 4-1 во рамките од 26. коло во ПМФЛ.

Во првото полувреме видовме два погодоци, по еден на двете страни и тоа двата се постигнаа од пенал. Кехинде ги доведе домаќините во водство во 22. минута, а Пелистер возврати преку Ристевски на ист начин осум минути подоцна.

Во завршницата од првиот дел битолскиот состав остана и со играч помалку откако исклучен беше Филип Бошковски.

Во вториот дел гостите со играч помалку не успеаа да парираа, па Струга постигна уште три гола за на крајот да слави и убедливо со 4-1.

Останатите натпревари од ова коло се играат утре исто така од 15:00 часот:

Брера – Вардар

Беса – Гостивар

Шкупи – Работнички

Тиквеш – Шкендија

Воска Спорт – Силекс


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *