Тренер тргна да се пресмета со судијата – доби нокаут (видео)

Oд фудбалските терени во Перу ни пристигнува една неверојатна сцена во која во центарот на вниманието се најде судијата.

Инцидентот се случи во 82. минута од натпреварот од Купот на Перу помеѓу Спорт Хуакила и Магдалена де Седеко, при водство на домашните со 2:1.

Еден од членовите на гостинскиот стручен штаб се втурна кон судијата Луис Алегре со пластично шише во рацете, но арбитрот брзо реагираше, па тренерот заврши на тревата.

Полицијата поради немилите сцени била принудена да интервенира, а натпреварот беше прекинат.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *