Ерлинг Халанд нема да може да му помогне на Манчестер Сити во клучен дел од сезоната, како последица на повредата заработена на дуелот со Борнмут во ФА купот.
Норвежанецот беше принудно заменет во второто полувреме, а утринава ги направил најавените прегледи, по кои Сити потврди дека има проблем на зглобот на левата нога.
Од Сити не потенцираа колку точно ќе трае периодот на рехабилитација, но се оптимисти дека Халанд ќе го имаат во своите редови за финишот на сезоната, како и за дуелите од Светското клупско првенство кое ќе започне по завршување на возбудувањата во Премиер лигата.
Со сигурност Халанд нема да биде спремен за градското дерби со Манчестер Јунајтед следната недела.
Leave a Reply