Манчестер Сити со 2-1 славеше на гостувањето кај Борнмут и обезбеди пласман во полуфиналето од ФА Купот.
Мечот започна лошо за „граѓаните“, бидејќи Ерлинг Халанд во 14-та минута промаши пенал, а потоа стигна казната од Борнмут.
Само седум минути подоцна Еванилсон погоди за водство на Борнумт од 1-0, резултат со кој се замина на полувреме.
Халанд успеа да израмни на 1-1 на почетокот на второто полувреме, а пресвртот го донесе Омар Мармуш во 63.минута.
Leave a Reply