Миовски нема да игра против Барселона поради повреда

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски продолжи со одлични настапи во дресот на националниот тим, постигнувајќи два гола во воведните натпревари од квалификациите за Светското првенство. Сепак, по овие блескави партии, тој ќе мора да направи пауза во клупскиот фудбал.

Каталонскиот тим Жирона денеска од 16:15 часот ќе се соочи со Барселона на стадионот Монжуик, но ќе биде значително ослабен, бидејќи неколкумина клучни фудбалери, меѓу кои и Миовски, нема да бидат во составот.

Според информациите од клубот, македонскиот напаѓач има повреда на коленото, но сè уште нема конкретни детали дали се работи за посериозен проблем што би можел подолго време да го оддалечи од терените.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *