Гвардиола ја „краде“ ѕвездата на Барселона

Барселона сака што поскоро да го продолжи договорот на Педри и со тоа да одговори на интересот на многу европски гиганти.

Низ медиумите се појави информација дека поради лошата финансиска состојба Барселона ќе ја продаде младата ѕвезда иако станува збор за голем потенцијал. 

Педри има договор со Барселона до 2026 година, но е еден од најмалку платените фудбалери во тимот, па бара значително зголемување на платата.

Тоа сака да го икористи Манчестер Сити и на лето да го доведе на Етихад, бидејќи Педри е најголема желба на Гвардиола.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *