Мато со непримерна прослава ги налути „Чкембари“ (Видео)

Денешното дерби во Првата македонска фудбалска лига помеѓу Пелистер и Вардар заврши со триумф на гостите од Скопје, кои славеа со резултат 1-3.

Натпреварот се одигра во спортски дух, без поголеми инциденти, со исклучок на ситуацијата во 72. минута, кога Роџерс Мато го постигна својот прв погодок на средбата, носејќи ѝ предност од 1-2 на својата екипа.

Неговата прослава пред трибината на „Чкембари“ предизвика реакции, бидејќи со тој потег провокативно ги испровоцираше домашните навивачи.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *