Новак Ѓоковиќ одигра уште еден одличен меч и со 2-0 во сетови го совлада Бугаринот Григор Димитров за пласман во финалето на турнирот во Мајами.
Мечот траеше нешто повеќе од еден час, период во кој Григор имаше добар почеток и веднаш направи брејк, но Новак веднаш возврати и потоа имаше асполутна контрола на играта и резултатот.
Денешниот меч на Ѓоковиќ од трибините во Мајами го следеше и фудбалската ѕвезда Лионел Меси, а Новак во финалето има шанса да дојде до својата 100-та АТП титула во кариерата.
Leave a Reply