Томас Тухел ја доби довербаат од Фудбалската асоцијација на Англија и ќе ја води селекцијата на патот кон Светското првенство во 2026 година.
Поранешниот менаџер на Тотенхем, Хари Реднап, даде многу контроверзна изјава, нарекувајќи го новиот селектор на Англија, Томас Тухел, „германски шпион“ и додавајќи дека тој бил испратен во Англија „за да ги уништи“.
Реднап и претходно ја критикуваше одлуката на Фудбалскиот сојуз на Англија да го доведе Тухел на местото на Саутгејт, но многумина сметаат дека со своето последно излагање претера.
„Ми се допаѓаше Герет Саутгејт, многу ми се допаѓаше, но моравме да освоиме нешто. Да бидам исрек, мислам дека Тухел е германски шпион. Сериозно, испратен е да не уништи, тој е како лордот Хау-Хау за време на војната. Оди таму и уништи ги. Ја!“, рече Реднап и ја крена раката, а многумина во тоа видоа нацистички поздрав“, изјави Реднап.
Leave a Reply