Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мајами

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мајами откако го совлада американскиот тенисер Себастијан Корда со 6:3, 7:6 (7:4).

Мечот беше израмнет на стартот, Американецот одлично сервираше до осмиот гем кога Ѓоковиќ си ја најде „слабата точка“, го скрши, а потоа рутински го приведе сетот до крај. И сето тоа за само 29 минути игра.

Иако се чинеше дека на Ноле му се брза и дека брзо ќе го добие вториот сет – работите тргнаа во сосема друга насока.

Корда добива предвремена пауза и во моменти кога се чинеше дека се е загубено за Ѓоковиќ, по којзнае кој пат покажа зошто е еден од најдобрите тенисери на сите времиња. Се врати „од амбис“ и победи во тај-брејкот.

Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра против бугарскиот тенисер Григор Димитров.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *