Реал Мадрид се вклучува во битката за играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди.
Шпанскиот минатото лето ја одби можноста да се пресели во Ливерпул, кој беше подготвен да ја плати неговата ослободителна клаузула.
Минатиот месец, водечките англиски медиуми објавија дека Арсенал веќе постигнал договор со Зубименди, а лондончани биле уверени дека во летниот преоден рок тој ќе стане нивен играч.
Сепак, шпанските медиуми пренесуваат дека Реал серизно се вклучил во трката за потписот. „Кралскиот клуб“ го гледа Зубименди како потенцијален наследник на Модриќ.
Судбината на Зубименди ќе зависи од неговата одлука, бидејќи сите заинтересирани клубови, вклучително и Манчестер Сити, се подготвени да ја активираат неговата клаузула од 60 милиони евра.
Leave a Reply