Ново име во редовите на шампионот: Еурофарм Пелистер се засили со ракометар од Полска

Од следната сезона нов член на Eурофарм Пелистер ќе биде полскиот десен бек Анџеј Видовски.

Овој 22-годишен полски интернационалец потпиша двегодишен договор со шампионот на Македонија и ќе му се стави на располагање на новиот клуб од стартот на подготовките во јули 2025 година.

Се работи за ракометар кој доаѓа во Македонија од Гвардиа Ополе во полската Суперлига. Видовски е висок 186 сантиметри, настапува за полската репрезентација и му се претскажува блескава иднина.

Видовски ќе биде официјално претставен на почетокот на подготовките за сезоната 2025/26


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *