Македонија во вчерашниот натпревар проитв Велс во последните секунди остана без победа откако фудбалерот на Бормут, Брукс по неколку несреќни грешки во нашата одбрана ја затресе мрежата за 1-1.
Со овој гол заврши и низата на Столе Димитриевски кој 711 минути на репрезентативен план не беше совладан.
Станува збор за најдолгата низа во македонскиот фудбал, последен пат Димитриевски беше совладан на седми септември кога на гости кај Фарски Острови одигравме 1:1. Во следните натпевари со Ерменија и Летонија дома и на гости, домашниот натпревар со Фарски Острови и гостувањето во Лихтенштајн беше несовладан.
Димитриевски исто така во своја сопственост ги има и втората и третата најдолга низа без примен гол со 326 и 301 минута.
Leave a Reply