Македонија во последна секунда испушти победа (видео)

Македонската фудбалска репрезентација одигра реми со Велс, но може да жали бидејќи испушти победа буквално во последната секунда.

Во текот на првите 45 минути на Националната арена „Тодор Проески“ велшките фудбалери повеќе ја имаа топката во своите нозе, повеќе се закануваше кон голот на Димитриевски.

Слично беше и во вториот дел, но Македонија покажа нешто поофанзивна игра.

По големата грешка на одбраната на Велс, Миовски во 90-та минута погоди за водство од 1:0 и голема радост.

Буквално во последната минута Велс среќно дојде до израмнување 1:1.

Фото: ФФМ


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *