Позната цената на билетите за натпреварот помеѓу Вардар и Црвена Звезда

На 16 април во Скопје Вардар и Црвена Звезда ќе играат натпревар кој ќе има хуманитарен карактер и сите средства од оваа средба ќе бидат донирани за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.

Вардар денеска информираше дека билетите ќе се продаваат по цена од 200 (северна и источна трибина) и 100 денари (западна и источна).

Исто така клубот информираше дека влезот ќе биде бесплатен за децата од основните училишта во Кочани.

Билетите се уште не се пуштени во продажба и тоа ќе се случи во наредниот период преку онлајн платформа.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *