Милевски: Утре заедно да дадеме поддршка на семејствата на настраданите

Македонија победнички започна во квалификациите за пласман на Мундијалот со победа над Лихтенштајн, а сега го пречекува Велс.

Селекторот Боби Милевски вели дека повеќе никогаш не посакува репрезентацијата да игра под вакви околности,сооглед на колективната тага.

„И пред мечот со Лихтенштајн реков дека емоциите се тука. Самата подготовка за овие мечеви беше посебно тешка како за мене, така и за фудбалерите. По дуелот со Лихтенштајн реков дека ова против Велс е можеби најтешкиот меч што ќе го играме во групата. Ако можеме да им се оддолжиме на некој начин е сите заедно утре да дадеме поддршка на семејствата на настраданите“, изјави Милевски.

„Добро ја анализиравме играта на Велс не само на мечот против Казахстан. Мислам дека сме подготовени. треба да бидеме совршени на технички, тактички план, во тркачкиот дел да бидеме совршени и треба да сме фокусирани максимално ако сакаме да се надеваме на подобар резултат. Не се чувствуваме како фаворити“, додаде селекторот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *