Директорот на А репрезентацијата заврши во притвор и разрешен од функцијата

Дени Масев, поранешен македонски репрезентативец пред една недела завршил во притвор, информира „Слободен печат“.

Според информации од весникот, Масев се наоѓа во затворот Шутка, а неофицијално неговото приведување е поврзано со групата на Раде Трајковски – Штекли, кој претходно беше уапсен под сомнение за трговија со дрога. Масев се врати на функцијата во јануари, но засега нема официјални информации од обвинителството за точните причини за неговото приведување.

Масев беше разрешен од ФФМ во октомври минатата година од страна на претходното раководство, но на почетокот од јануари оваа година повторно беше именуван за директор на А-репрезентацијата на Македонија.

Сепак, по акцијата на МВР во која бил притворен, Масев сега повторно е разрешен од функцијата спортски директор на А-репрезентацијата, воопшто не приклучувајќи се ниту на актуелниот собир на националниот тим.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *