Италијанските медиуми веќе започнаа со анализи и пресметки околу тоа колку би можел да го чини Јувентус евентуалниот отказ на Тијаго Мота. Според првичните проценки, трошокот за раскинување на соработката со Бразилецот со италијански пасош би можел да достигне сума од околу 20 милиони евра.
Раководството на „Старата дама“ донело одлука да стави крај на соработката со Мота, а според најавите, официјалната потврда за неговото заминување и назначувањето на Игор Тудор како предводник до крајот на сезоната се очекува денеска или најдоцна во понеделник.
Мота неодамна потпиша договор со Јувентус кој важи до јуни 2027 година, а според медиумските информации, неговата годишна нето плата се движи помеѓу 4 и 5 милиони евра. Дополнително, клубот ќе треба да ги подмири и финансиските обврски кон останатите членови на неговиот стручен штаб.
Сето тоа, кога ќе се земе предвид, води до груба проценка дека Јувентус ќе мора да издвои околу 20 милиони евра за комплетирање на овој процес и расчистување со Мота и неговиот тим.
Leave a Reply