Жирона испрати порака за Миовски на – македонски јазик (Фото)

Шпанскиот прволигаш Жирона испрати трогателна порака на македонски јазик, упатена до нивниот напаѓач Бојан Миовски, по завршувањето на натпреварот против Лихтенштајн кој заврши со убедлива победа од 3-0.

„Нашиот најдобар стрелец“, напишаа од Жирона, придружувајќи го текстот со фотографија од Миовски, кој и покрај постигнатиот гол, не славеше.

Наместо тоа, својот погодок го посвети на жртвите од трагичниот пожар што неодамна го потресе Кочани и целата земја.

Embed Facebook Feed

Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *