Македонија ги стартува квалификациите за СП 2026 против репрезентацијата со која ја имаме најголемата победа

Maкедонската репрезентација денеска против Лихтенштајн ги стартува квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

Македонија како фаворит влегува во натпреварот и сите во репрезентацијата се надеваат на позитивен резултат и оправдување на фаворитската улога која ја имаме.

Низ историјата Македонија одиграла 11 натпревари против Лихтенштајн и во нив не сме победиле само на два. Еден пријателски во 1996 година и еден во квалификации за Европско првенство во 2002, двете средби завршиле со резултат 1:1.

Со Лихтенштајн бевме во групата од квалификациите и за претходото Светско првенство и во нив славевме две убедливи победи, дома со 5:0 и на гости со 0:4.

Лихтенштајн е репрезентацијата и против која во 1996 година ја забележавме нашата најголема победа во историјата победувајќи на гостински терен со 11:1.

Сето ова најавува победа на Македонија во денешниот дуел, меѓутоа фаворитската улога ќе мора да се оправда и на теренот.

Натпреварот се игра во терминот од 15:00 часот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *