Дербито Пелистер – Вардар ќе има и хуманитарен карактер!

Дербито помеѓу Пелистер и Вардар кое на програмата е веднаш по репрезенативната пауза ќе има и хуманитарен карактер.

Имено, од битолскиот клуб информираа дека сите собрани средства од билетите ќе бидат донирани за настраданите во трагедијата во Кочани.

„ФК Пелистер ја известува јавноста дека приходот од билетите од натпреварот Пелистер – Вардар во рамките на 25. коло ќе биде наменет за семејствата на трагично загинатите во дискотеката во Кочани. Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери и љубители на фудбалот да учествуваат во оваа хуманитарна акција“, објави Пелистер.

Билетите за натпреварот ќе имаат цена по 200 денари.