Ѓорческа е во одлична форма: Во Марибор ќе игра и полуфинале!

by

in

Maкедонската најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа со 2:0 во сетови ја совлада Грузијката Мариам Болквадѕе и така обезбеди место помеѓу најдобрите четири на турнирот во од В75 серијата во Марибор.

Откако вчера ја елиминираше Французинката Џесика Покет која беше четврта носителка и многу подобро рангирана од Ѓорческа, денес македонската претставничка влезе како фаворит против Грузијката.

Првиот сет Ѓорческа го доби со 7:5, додека во вториот заигра уште подобро и го освои со 6:3 за конечни 2:0.

За место во финалето Ѓорческа ќе се бори против победничката од средбата помеѓу Јуван од Словенија и Ружиќ од Хрватска.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *