Фудбалерите до 21 година поразени на првата контролка во Анталија

Македонската репрезентација до 21 година претрпе пораз во денешниот пријателски натпревар против Белорусија.

Белорусија одигра подобро на натпреварот во Анталија и заслужено дојде до победата.

По првите 45 минути резултатот беше 1:0, а потоа Белорусите постигнаа уште два гола за водство од 3:0. Единствениот гол за Македонија во финишот го постигна Кире Стојанов.

Избраниците на Горан Станиќ на 25 март ги очекува уште еден натпревар и тоа против Азербејџан од 18:00 часот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *