Бугарски навивачи извадија транспарент за починатите во Кочани (Фото)

На натпреварот од Лигата на нации што вчера се одигра помеѓу Бугарија и Република Ирска, бугарските навивачи испратија емотивна порака на солидарност и сочувство кон жртвите од трагичниот пожар во Кочани.

Дуелот се одигра во Пловдив, а на трибините посебно се истакнаа навивачите на Локомотив Пловдив, кои дојдоа да ја бодрат бугарската репрезентација. Тие развија транспарент со натпис: „Бугарија тагува со вас“, изразувајќи поддршка и сочувство кон македонскиот народ во овие тешки моменти.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *