Барди: Свесни сме дека не чека важен натпревар, мора да покажеме енергија и желба

Македонската репрезентација денеска ја одржа официјалната прес-конференција пред утрешниот натпревар, а покрај селекторот Благоја Милевски присуствуваше и капитенот Енис Барди.

Барди истакна дека сите во репрезентацијата сакаат да ја продолжат победничката серија, но и не го потценува противникот.

„Добро се подготвуваме и сакаме да ја продолжиме победничката серија. Верувам дека сите сме свени дека не чекаат важни натпревари. Повторно ќе кажам дека во фудбалот нема фаворити и не може да се каже дека некој е послаб или посилен. Наша работа е да бидеме силни како тим и да додадаме некои позитивни работи за да освоиме три бода. За да победиме ќе ни треба, енергија и желба, имаме квалитет, но како и во секој натпревар мораме да влеземе со 100%“, изјави Барди.

Натпреварот против Лихтенштајн е закажан за во терминот од 15:00 часот. Три дена по утрешниот натпревар на домашен терен ќе го пречекаме Велс во рамките од второто коло.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *