Ѓорческа по голема борба до четвртфинале во Марибор!

by

in

Maкедонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди четвртфинале на турнирот во Марибор откако денеска славеше победа од 2-1 во сетови над Французинката Џесика Покет (6-4, 2-6 и 7-6).

Ѓорческа беше подобра во првиот сет и успеа да го освои со 6-4, но потоа Покет заигра подобро во вториот и нашата тенисерка освои само два гема. Голема борба видовме во третиот последен сет кој се решаваше во тај-брејк.

За место во полуфиналето Ѓорческа утре ќе игра Мариам Болквадѕе од Грузија која во Словенија е нејзина партнерка во двојки.

Инаку, Покет беше четврта носителка на турнирот и 153. на ВТА листата, додека Ѓорческа е рангирана како 294. тенисерка во светот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *