Чаби Алонсо е следниот тренер на Реал Мадрид

Реал Мадрид го пронајде наследникот на Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид, пишува германски „Скај Спорт“.

Според последните информации, Алонсо веќе ја донел одлуката за заминување од клубот со кого минатата сезона дојде до двојна круна.

Реал Мадрид бара замена за Карло Анчелоти, кој ја одработува послената сезона на клупата на „кралевите“.

„Скај Спорт“ открува дека Чаби Алонсо веќе има договор со Реал Мадрид и наскоро ќе биде потпишан преддоговор.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *